April 28, 2024, 12:03 pm

Вучиќ: ЕУ никогаш нема да ја прифати Србија како членка – дури и ако ги исполнува сите услови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој е во дводневна посета на Чешка, за тамошното Радио Плус изјави дека Србија би сакала да стане членка на Европската унија, но дека дури и да ги исполни сите потребни услови, Унијата никогаш нема да ги прифати како полноправна членка.

Тој изјави дека треба да се направи многу повеќе, за да се подобри владеењето на правото, но дека прашањето за Косово е голем проблем.

„Србија не ја признава независноста на Косово и 22 од 27 земји-членки ја признаваат“, рече Вучиќ, ветувајќи дека Србија ќе се приближи до стандардите и политичките позиции во врска со надворешно-политичките прашања.

Како што објасни, тој отворено му порача на Брисел дека Србија има свои интереси кои мора да ги брани.

„Не можеме да се застреламе во нога ако имаме поддршка од Русија и Кина во врска со нашиот територијален интегритет. И зошто би рекол нешто против нив“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека добрите односи со Кина, Русија, па дури и со Турција и помогнаа на Србија да реши бројни проблеми во изминатите 15 месеци.

„Зошто би направиле нешто што не е во најдобар интерес на нашата земја. И ако некои земји од ЕУ протестираат против фактот дека соработуваме со Кина, иако нивниот трговски биланс со Кина е илјада пати поголем од нашиот, тоа би било лицемерие“, заклучи Вучиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This