Вучиќ за Косово и Интерпол: Во тешка ситуација сме, копаат и со раце и со нозе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најавата за формирање војска на Косово, под тоа или под некое друго име, е нешто што предизвикува страв, кажа српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ за Косово и Интерпол: Во тешка ситуација сме, копаат и со раце и со нозе (ВИДЕО)
Најавата за формирање војска на Косово, под тоа или под некое друго име, е нешто што предизвикува страв, кажа српскиот претседател Александар Вучиќ.

Според него, „некои од западните партнери на Србија работат буквално со раце и со нозе за Косово да стане член на Интерпол“. Тој истакна и дека за намалување на тензиите околу таквите нешта, се надева на некаков вид скоро продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Вучиќ ова го одговори на прашањето како ги сфаќа најавите на Приштина дека оваа недела ќе донесе одлука за формирање војска, под тоа или некое друго име.

Српскиот претседател кажа дека Ивица Дачиќ, шефот на српската дипломатија, во следните денови ќе има повеќе патувања поради тоа, како и дека министерот за полиција на Србија Небојша Стефановиќ ќе биде специјално ангажиран за тоа прашање сѐ до 1 ноември.

Тој кажа дека кога станува збор за војската на Косово, ќе продолжат напорите тоа да се избегне. Го повтори истото што го кажа на митингот во Косовска Митровица – дека државата Србија нема да го остави српскиот народ без поддршка.

„Ќе направиме сѐ за да не дојде до такво неодговорно однесување“, истакна Вучиќ.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This