Вучиќ: И натаму ќе ја ocпорувам нeзависноста на Косово за инает на ЕУ, а во слава на Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја критикуваше резолуцијата на Европскиот парламент по извештаите на Европската комисија, наведувајќи дека Белград заостанува во реформите потребни за влез во Унијата.Во исто време, опозицијата бара националниот телевизиски сервис да ги објави резолуцијата и извештаите во целост.

Осврнувајќи се на дел од резолуцијата за здравствениот систем, Вучиќ денеска им нагласи на новинарите дека Србија има опрема, лекови и вакцини токму затоа што не се потпира на ЕУ, оценувајќи дека тие се изгубени во времето и просторот, и дека Србија нема недостаток на медицинска опрема.

За време на посетата на градилиштето на мостот на Сава кај Шабац, Вучиќ пред новинарите прочита делови од резолуцијата на ЕП во врска со здравствениот систем, велејќи дека Брисел, во оценката дека Србија страда од недостаток на ресурси, веројатно го гледа своите двор. Тој потсети дека Србија испратила донации на медицинска опрема во одредени земји и дека во моментот има 500 респиратори во својот магацин.

Одговарајќи на забелешките од Унијата дека има загриженост во врска со дезинформациската кампања за делегитимирање на државноста на Косово, Вучиќ истакна дека е горд на тоа, на што ќе продолжи да инсистира.

„Горд сум што ја делегитимирам независноста на Косово и ќе продолжам да го правам тоа и покрај ЕУ, и на слава на Србија, не можам да сторам ништо друго“, рече Вучиќ.

Коментирајќи ја денешната изјава на европратеничката Тања Фајон дека Србија има уште многу работа да стори на патот кон Унијата, особено во борбата против корупцијата, правдата и обезбедувањето на почитување на слободата на изразување, Вучиќ посочи дека Србија се бори против организираниот криминал и одземањето имоти од Евреите,алудирајќи дека седиштето на нејзината партија е во Љубљана во вилата на еврејското семејство Москович.

Фајон, која е во тимот на европратеници кои ќе посредуваат во меѓупартискиот дијалог меѓу владата и опозицијата, за порталот Нова.рс изјави денеска дека позицијата за обврските на Србија на патот кон ЕУ не е само нејзина позиција или позиција на нејзината политичка група, но и на ЕП, што го потврди со гласање за Извештајот за напредокот на Србија.

Дека значителен дел од српската јавност немаат информации, што, всушност, се наведува во извештаите на ЕК за Србија за 2019 и 2020 година и резолуцијата на ЕП, покажува денешното барање на опозициската Партија на слободата и правдата националниот телевизиски сервис Радио телевизија на Србија да го објави комплетниот извештај.

Партијата оценила дека криењето на клучните елементи од извештајот за Србија директно го загрозува европскиот пат на земјата, бидејќи тоа јасно му покажува на Брисел дека државниот врв на Србија не е заинтересиран за ставовите на институциите на Европската унија.

Во усвоената резолуција, ЕП жали за недостаток на напредок во многу области на реформската агенда на Србија и за фактот дека има дури и назадување во прашања клучни за пристапот во ЕУ. Било наведено дека, и покрај фактот дека ЕУ е водечки трговски партнер на Србија и најголем донатор на помош, Србија посветува непропорционално внимание на трети земји, се вели во резолуцијата на Европскиот парламент, нагласувајќи ги влијанијата на Русија и Кина.

Исто така, било истакнато значењето на усогласувањето на надворешната и безбедносната политика на Србија и ЕУ, како неопходност за пристапување на Србија во Унијата, со оценката на известувачот на ЕП за Србија, Владимир Бичик дека надворешната политика на Србија е најмалку усогласена со европската политика .

Резолуцијата на ЕП била усвоена со 538 гласа „за“, 69 „против“ и 79 воздржани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This