April 27, 2024, 12:07 am

Вучиќ со шokaнтнa изjaвa: “He ce зaкaнyвaм, нo coздaвaњe нa гoлeмa Албанија e зaкaнa зa Србија, регионот, Европа и светот”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денес дека најавата на кандидатот за претседател на Косово Рамуш Харадинај за можно обединување со Албанија е закана не само за Србија, туку и за регионот, Европа и целиот свет.

„Но на тоа не треба да се возвраќа со закани. Вие правете што сакате, а ние ќе имаме добар и соодветен одговор и граѓаните не треба да се грижат“, кажа Вучиќ во Палата Србија.

Лидерот на Алијансата за иднина на Косово и кандидат за претседател Рамуш Харадинај изјави вчера дека Европската Унија со своето однесување кон Приштина може да го натера Косово на обединување со Албанија.

„Ако Косово не е пред вратата на НАТО и ако Косово нема либерализација на визниот режим со ЕУ, нема признавање од петте членки на ЕУ, ако не сме пред вратите на ОН, што ќе правиме следно? Дали ќе го прифатиме тоа во што се обидоа да нè уверат дека Косово е уморно, слабо?“, праша Харадинај.

Вучиќ кажа дека би сакал на таа најава да слушне некои реакции од Брисел или Вашингтон.

„Бидејќи, не дај Боже, некој во Србија од толку високо место да зборуваше за некои други видови обединување на Балканот, речиси ќе нè бомбардираа. Но бесмислено е веќе да се зборува за двојните аршини“, наведе српскиот претседател.

Вучиќ потсети дека Харадинај е човек кој сака да биде новиот претседател на Косово и дека, доколку го постигне тоа со помош на гласовите на Самоопределување, може да продолжи многу неповолната ситуација во која и владата и претседателот на Косово ќе се залагаат за обединување со Албанија.

„На тоа ќе умееме да реагираме. Јас никому не му се заканувам, но создавање голема Албанија е закана и за Србија и за регионот, и за Европа и за светот“, заклучи Вучиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This