Вучиќ: He мoжaт дa ми зaмpзнaт имoт и cмeтки во странство „бидejќи ги нeмaм“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Барам да ми го замрзнат имотот во странство. Не можете да ми најдете никаква сметка. Јас немам никаква сметка надвор од оваа земја, не можат да ја замрзнат, немам ниту пари, ниту сметки“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Изјавата на Вучиќ уследи откако група американски конгресмени побараа од американскиот претседател Џозеф Бајден да размисли за воведување санкции за оние кои го дестабилизираат Западен Балкан и го обвинија српскиот претседател за „продлабочување на корупцијата и притисок врз медиумите“,

Наспроти овие тврдења Вучиќ јавно порача дека „Србија е стабилизирачки фактор на Балканот“.

Според српскиот претседател барањето е потпишано од неколку конгресмени од Демократската партија и поради тоа смета дека е „еднопартиско“ и дека ќе се види „колку конгресмени ќе ја потпишат „српската“ резолуција за неутралност следниот месец.

Вучиќ зборуваше и за „тајкуно-мафијашко-криминален сојуз“, кој, како што рече, има задача да ја уништи Србија.

Тој потенцираше дека во тој сојуз има луѓе од Србија, од , како што ги нарече , „окупираните делови“ на државата , како и од други земји, вклучително и оние од Западот кои ја признаа независноста на Косово и работат на обезвластување на Република Српска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This