Вучиќ koнтра ЕУ: Мора да ги штитимe националните интереси, не смееме да воведеме санkции пpoтив Русија поради Европската Унија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зборувајќи за усогласувањето на надворешната политика на Србија со Европската унија, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес во Брисел изјави дека кога водите држава, мора да ги имате предвид сите нејзини интереси.

„Замислете да воведувате санкции кон Русија секој ден, па што можеме да очекуваме од Русите, како тие да не поддржат во однос на територијалниот интегритет на Србија. Со кое право би ги повикале и би им рекле: помогнете ни со едно, две или три прашања“, рече Вучиќ.

Претседателот додаде дека Србија, како независна и суверена земја, има право и одговорност да биде сериозна во односите со другите земји.

„Што ни направи Кина па да воведуваме санкции на секој три дена? Исто и Руската федерација. Имаме свои интереси, свои пресметки“, потенцираше Вучиќ и праша дали во тој случај можеме да добиеме кинески или руски вакцини.

Вучиќ посочи дека на денешните разговори во Брисел посебна политичка тема е усогласување со регулативите на ЕУ.

„Не е лесно заради Косово, но ние сигурно ќе се потрудиме да го зголемиме процентот на yсогласeност со политиката на ЕУ. Имаме проблеми со територијалниот интегритет и не сакаме да ги загрозуваме нашите интереси. Не очекував дека ќе преговараме за инфраструктурни проекти. Разговаравме долго време, и тие проекти драстично ја менуваат нашата земја“, посочува претседателот.

Тој додава дека ЕУ би сакала да усогласиме 90 проценти со политиката на ЕУ, но тоа не е можно.

„Имаме национални интереси што ги штитиме“, објаснува Вучиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This