ВУЧИЌ БАРА РАДИКАЛНИ ПОТЕЗИ: Бара Србите да се повлечат од косовските институции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србите од Косово на денешниот состанок со него во Белград побарале дозвола да се повлечат од сите косовски институции, на што Вучиќ изјавил дека на тоа барање ќе одговори за 45 дена, јавува Anadolu Agency (AA).

На состанокот во Белград, претставниците на политичките институции на Србите од Косово побарале повлекување, поради, како што наведе Вучиќ, особено тешката ситуација во која се наоѓаат.

Според неговите зборови, приказната за обединување на Северна и Јужна Митровица е директна закана за српскиот народ, луѓето велат дека до тоа би можело да дојде само со насилство и поради тоа Србите единствено одлучиле да побараат од него да разговара со Владата на Србија за нивно повлекување од сите косовски институции.

„Јас ги замолив претставниците на Србите од Косово и Метохија денес да не им одговорам и во наредните месец и пол дена, до средбата со кинескиот претседател. Сакам со сите важни европски и светски официјални претставници да разговарам за тоа, бидејќи доколку ова се продолжи, ние ќе бидеме во безизлезна ситуација“, изјави Вучиќ за новинарите во Белград, додека во Претседателството на Србија сè уште траеше состанокот.

Тој напомена дека синоќа во Зубин Поток албанската полиција киднапирала камион на српски автопревозник, бидејќи увезувал роба, како и дека во наредните два дена Албанците подготвуваат нов статут на Трепча, која не е регистрирана во согласност со српските закони, туку како „УНМИК Трепча“.

„Тие сакаат блокада на сметките, уништување на Трепча и тоа би значело 24.000 наши луѓе да останат без работа, северниот дел на Косово да остане без воздух во економска смисла на тој збор“, изјави Вучиќ.

Тој уште еднаш ги повика сите Срби на Косово да не одат во Војската на Косово.

„Ние ќе продолжиме да се залагаме за политика на мир и стабилност, а на мене ми останува со Владата на Србија да одлучиме што ќе сториме во иднина, бидејќи останавме сами“, додаде тој.

Директорот на Кнацеларијата задолжена за Косово при Владата на Србија, Марко Џуриќ, изјави дека навистина не се ни блиску до можноста ним да им се понуди некое решение за кое би можеле да се изјаснуваат по прашањето за Косово.

„Србија не е ни блиску до решението за прашањето на Косово“, изјави Џуриќ.

Запрашан за тоа зошто Милан Радоичиќ учествува на состаноците со државниот врв на Србија, а е осомничен за убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ, Џуриќ одговори дека досега не видел ниту еден кредибилен доказ против Радоичиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This