April 30, 2024, 10:07 am

Вчepa вo Грција бeшe Водици, нo нeмaшe cкoкaњe пo кpcтoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дел од православните христијани, кои го прославуваат Божик по Грегоријанскиот календар, на 25 декември, вчера славеа Водици. Меѓу нив и Грците.

Тие Водици го прославија без традиционалното фрлање на крстот, но со отворени врати на црквите за верниците. Со превентивни мерки, држење дистанца, уште еден празник во Грција одбележан поинаку поради пандемијата, но и поради карантинот.

Иако Владата забрани црквите денеска да бидат отворени за верниците, сепак Светиот Синод на Грчката православна црква одлучи литургиите да се одржат, но под истите мерки како и за Божиќ и Нова година, односно со дозволени најмногу 25 лица во помалите и до 50 верници во големите цркви.

И овој празник во Грција беше прилагоден на околностите наметнати од пандемијата, па така осветената вода на верниците им се делеше во мали шишиња пред храмовите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This