Вpие на Балканот – се е спpeмно за голем конфликт: Додик најавува независност на Срспка, своја армија и граница во наредните месеци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, објави дека до крајот на октомври или најдоцна во првата недела од ноември, Република Српска ќе влезе во процесот на одлучување во Народното собрание на Српска, повлекувајќи ја војската на Република Српска од Вооружените силина на Босна и Херцеговина, односно формирање на Армија на Република Српска и други одлуки кои ја носат покраината на чекор до независност, и дека раководството на Српска е подготвено за последиците.

„До крајот на овој месец, најдоцна во првата недела од следниот месец, ќе влеземе со обемна агенда што ќе доведе до повлекување согласност од армијата, индиректни даноци кои според Уставот на БиХ и припаѓаат на Република Српска , дури и границитр, односно управување со границите на областа на Република Српска кои и припаѓаат на Српска, а не на БиХ “, рече Додик денеска на собирот во Белград„ Слобода и независност на Република Српска “.

Да останеше Трамп, ќе ја славевме независноста

Додик рече дека Српска претходно го најавила ова преку политичка борба „не за духот, туку за зборот на Дејтон“, најавувајќи го времето кога ќе се врати „словото на уставот“ и додаде дека се уште ризикува некој да мисли дека е не се свесни за контекстот и силата на Американците, Европејците …

“Потребна ни е силна поддршка за таа идеја, Српска никогаш немала сојузник и разбирање за својата позиција, а тоа е токму светот од каде доаѓаат споровите. Доколку Доналд Трамп го продолжеше својот претседателски мандат, мислам дека ние ќе ја одбележувавме денес годината на нашата независност, но не е така, ова е мало задоцнување, но патот е незапирлив “; рече Додик.

Според него, Српска во овој момент, кога би била хипотетички независна, нема проблем да продолжи, бидејќи има стабилен буџет, институции, подготвени закони, за кои чекаат да бидат донесени.

W

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This