Поранешната министерка за култура – Ганка Цветанова, реагира на петочното одбележување на 30 години постоење на навивачката група „Швepцери“ од Чаир, кое се одржа во новата зграда на Македонскиот народен театар, со атмосфера која на моменти беше речиси идентична со таа на трибините на стадионот во Чаир. Според Цветанова, тоа не требало да се дозволи:
„Да дозволиш coбир и дивeeњe на навивачка група во храм на уметноста е cкaндaлoзнo само по себе но, од друга страна, е вистинска рефлексија на односот кон културата во Македонија. Што е следното, МНТ да го пратите да настапува на стадионот во Чаир?“, прашува Цветанова.
Да дозволиш собир и дивеење на навивачка група во храм на уметноста е скандалозно само по себе но, од друга страна, е вистинска рефлексија на односот кон културата во #Македонија.
Што е следното, МНТ да го пратите да настапува на стадионот во Чаир? https://t.co/UQcWzn82Bc
— Ganka Cvetanova (@gankacv) November 25, 2019