ГВАРДИОЛА КРЕНА БЕЛО ЗНАМЕ ВО БИТКАТА СО КЛОП: Незапирливи се, сега имаме други цели

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на стручниот штаб на „Граѓаните“ нема никаква надеж во евентуално чудо во битката за титулата, Ливерпул е далеку пред нив во бодовна конотација на зборот, па разбирлива е реакцијата на Пеп.

Сезоната за актуелниот шампион во Премиерлигата, Манчестер Сити, е далеку од она ниво на кое навикнаа фановите на тој клуб, а поразот кај Тотнем со 2-0 е воедно потврда дека мозаикот кој претходно го изгради Гвардиола се руши на парчиња.

Најпрво Гундоган промаши од белата точка за почетно водство на „Граѓаните“, за потоа во текот на мечот да биде исклучен Олекс Зинченко, со што се надзираше поразот за Манчестер Сити, а домаќинот во целост ја искористи ситуацијата со погодоците на дебитантот Бергвијн, односно Сон.

По мечот, шефот на стручниот штаб на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола практично крена бело знаме во битката со Ливерпул на Јирген Клоп, кој по 25 одиграни кола има цели 22 бода предност во однос на Манчестер Сити.

„Тие се далеку пред нас, тоа значи дека се незапирливи, имаат премногу освоено бодови, а ние губиме бодови на начин сличен како на овој натпревар“ рече Гвардиола по поразот кај Тотнем.

„Нашите цели сега се да освоиме некое од натпреварувањата каде се уште сме во игра, како и да се квалификуваме во Лигата на шампионите за идната сезона“ додаде Гвардиола.

Latest News

55club – Your Ultimate Betting Partner

Are you tired of constantly searching for the best betting tips and odds? Look no further, because 55club is...

More Articles Like This