ГЕНЕЗА НА РЕЗИЛОТ: Тоа што прилепскиот градоначалник се изрезили не е изолиран случај – се резилеше и Артан Груби и Зоран Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Резилот и промашувањата на актуелното владејачко мнозинство со спомениците на Македонските великани, влече свои корени од поодамна. Она што загрижува е фактот што и покрај бројните пропусти на протоколите, но и на самите политичари нема кој да им укаже што е правилно, а што не


Прв се „избрука“ Артан Груби, шефот на кабинет на лидерот на ДУИ Али Ахмети и актуелен пратеник во Собранието на Р.Македонија. Тој, се фотографираше со споменикот на Методија Шатров – Шарло мислејќи дека е споменик на Неџат Аголи. Срамота, но тој си ја „плати“ цената, па преку медиумите си го доби заслужениот „ремет“.

Бројни монтажи се појавија и на социјалните мрежи, прикажувајќи го Груби со светски знаменитости, но со променети имиња.

Артан Груби пред Јаја Пашината Џамија
Артан Груби пред Мајка Тереза
Артан Груби пред Ајфеловата кула
Артан Груби и Али Ахмети или не?

Потоа следеше и скандалот со заменетото, односно, погрешно поставено знаме за време на посетата на Австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој наместо со Австриско знаме, беше пречекан со Латвиско.

Скандалот очекувано доби регионални размери.

Но, дефинитивно, рекордери по бламажа се административците и членовите на СДСМ од Прилеп, секако на чело градоначалникот кој на 8.декември положи цвеќе на споменикот на Методија Андонов – Ченто, мислејќи дека е споменик на Св.Климент.

Оваа генеза секако, е продолжение на бламот на младината од СДСМ во Прилеп за кои востанието започнало на 11 Октомври 1944 година.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This