Георгиески: Реализиравме храбри одлуки и дела, го задржавме статусот на УНЕСКО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Охрид, 2 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Општина Охрид, Константин Георгиески во гостувањето на дебатна емисија на национална телевизија, истака дека како локална власт работеле посветено, одговорно и домаќински и постигнале значителен успех, иако биле соочени низа проблеми.
– Се соочивме со општина која беше во големи проблеми, прво финансиски многу задолжена во финансиски дубиозна состојба со 1,7 милијарди денари долг. Започнавме процес на раздолжување и стигнавме до 295.000.000 денари долг и на праг сме да го завршиме тој процес на раздолжување на општината, истакна Георгиески.
Тој напомена дека од првиот ден како градоначалник се соочил со проблемот со статусот во УНЕСКО и заканата од ставање на Охридскиот регион на листата на светско наследство во опасност.
– Активно храбро и одлучно се боревме од првиот ден и денеска можеме да заклучиме дека го задржавме статусот на Охрид во УНЕСКО. Ги спроведовме сите постапки кои се бараа од нас, меѓутоа тоа бара континуитет и е процес кој мора да се продолжи, потенцираше Георгиески.
За тоа како планира да ја добие довербата на гласачите тој потсети на оствареното во текот на двеиполгодишниот градоначалнички мандат.
– Како локална власт во текот на изминатите две и пол години реализиравме низа крупни инфраструктурни проекти кои што беа ветувани со години. Граѓаните на Охрид знаат кои се тие проекти и секојдневно го гледаат резултатот на нашата работа, рече Георгиески, објаснувајќи дека во неговата предизборна програма нуди нови проекти, а дел од нив се на прагот на реализација и нивниот почеток е прашање на денови.
Од неговата програма ја издвои програмата „365 дена дестинација, 365 дена можности за сите“ составена од пет постулати, главни суштински проекти кои што се зацртани во нашата програма. Тоа се „Плажи по мерка на граѓаните и во склад со природата“, „Урбана култура“ каде што го враќаме сјајот на охридската чаршија, плоштадот „Чинар“, „Охрид на клик“, „Децата се нашата иднина“ и „Зелена оаза“.
Георгиески потенцираше дека како локална власт давале континуирана и редовна поддршка на спортот.
Тој ги повика граѓаните на Охрид да ги поддржат политките за подобар развој на градот со цел да продолжи започнатиот процес на инвестици во инфраструктурата и финансиска консолидација на општината

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This