ГЕРМАНСКИОТ КАНЦЕЛАР ДИРЕКТОР ВО „РОСЊЕФТ“: Герхард Шредер станува дел од бордот на директори на руската нафтена компанија „Росњефт“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бившиот германски канцелар Герхард Шредер потврди дека ќе влезе во составот на директори на „Росњефт“, без обзир на критиките на германската јавност и медиуми. Политичарот повика Русија да не се демонизира, јавува агенцијата ДПА

„Ќе го направам тоа. Се работи за мојот живот. За тоа јас одлучувам, а не германските медиуми“, изјавил социјал-демократот на предизборниот собир во Долна Саксонија, на чие чело бил пред заминувањето во Берлин. Според Шредер, тој на високата функција ќе се грижи за енергетската безбедност на Германија и цела Европа.

„Демонизацијата на Русија нема да му помогне на никого“, наведува бившиот канцелар. Тој додава дека „Росњефт“ не припаѓа на руската влада, туку дека во советот на директори на комапнијата се наоѓаат многу странски државјани.

„Мене не можат да ме искористат“, заклучува Шредер кој многу медиуми го обвинуваат дека по именувањето ќе ги претставува интересите на руската влада.

Шредер кој беше канцелар на Германија од 1998. до 2005. година, е мета на критика на јавноста во неговата земја откако Русија на 11.август го кандидираше за советот на директори на „Росњефт“. Компанијата ќе одржи вонредна седница на акционерите на 29.септември во Санкт Петербург. Самиот Шредер својата одлука ја препиша како „лична работа“ и ја обвини партијата на германската канцеларка Ангела Меркел дека се обидува да го крене својот рејтинг на сметка на социјал-деморкатите во очи на изборите за Бундестагот во септември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This