ГЕРМАНСКИ АВИОН ПРИНУДНО СЛЕТА ВО КУВАЈТ: Закана за бомба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Патнички авион на германската компанија „Еуровингс“, што леташе на релација од Келн до оманскиот град Салалах, принудно слета на аеродромот во Кувајт, поради закана за поставена бомба во леталото.

avion-zakana-bomba

Како што јави ДПА, веднаш по слетувањето, од авионот од типот „Ербас А330-203“ биле евакуирани сите 299 патници и членови на екипажот.

Во тек е операција на кувајтските безбедносни сили за проверка на леталото.

– Авионот принудно слета на меѓународниот аеродром во Кувајт поради сомнеж дека во леталото би можело да има бомба. Во тек е прелиминарна истрага за да се утврди дали во авионот има експлозив, соопшти кувајтската Аленција за цивилно воздухопловство.

Засега нема повеќе детали за карактерот заканата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This