ГЕЈ СВАДБА ВО СКОПЈЕ:Пеела Благица Павловска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вила во елитната населба Бардовци во саботата се одржала геј свадба а на забавата присуствувале и познати личности од јавниот живот.

Младоженците – момче од Скопје и неговиот избраник, момче од Австралија со македонско потекло за пријателите направиле веселба и го официјализирале нивниот неодамна склопен брак.

Гостите ги забавувала фолк пејачката Благица Павловска и уште еден фолк пејач. Меѓу гостите била и Лила Стојановска која за порталот „Либертас“ потврди дека веселбата била многу убава и и било многу интересно.

– Јас ги подржувам – рекла Лила и додала дека првпат присуствува на геј свадба.

Веселбата била до доцна во ноќта, а највеселите завршиле во популарно кафуле во Скопје. Гостите биле замолени да не снимаат, младоженците инсистирале на дискреција без да бидат сликани.

Извор: Либертас

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This