ГИ ЗАЛЕПИЛ ПАРИТЕ НА СТОМАКОТ: Македонец падна на „Александар Велики”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Царинските службеници на Аеродромот Александар Велики во Скопје спречија обид за нелегално изнесување на 105 илјади евра.

img1221

 На 4 јануари 2017 година, на аеродромот Александар Велики, за излез од државата се пријавил македонски државјанин М.Љ. кој требало да патува преку Истанбул за Дубаи. При детална царинска контрола на патникот,во појасот под блузата му биле пронајдени две паковки обвиткани во бела хартија облепена со проѕирна селотејп трака, во паковките биле пронајдени 107 илјади евра. Согласно Законот за девизно работење (резиденти можат слободно да изнесат девизни средства во противвредност на 2 илјади евра) на лицето му се вратени 2 илјади евра, а 105 илјади евра се привремено задржани. Против лицето е поведена прекршочна постапка.

 Во прекршочните постапки кои се водеа во текот на 2016 година поради непочитување на Законот за девизно работење, Царинската управа привремено задржа девизи во противвредност од  604.394,00 евра и 199 илјади денари.

По однос на девизни прекршоци (сторени во 2016 година или претходни години, но одлуките по прекршоците станале конечни и извршни во 2016 година) во Буџетот на РМ во 2016 година трансферирани се околу 127,6 милиони денари (девизи во противвредност  2.081.758,00 евра).

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This