Ги пуштија децата во Русија од школо на минус 48, ТИЕ ПОЧНАА ДА СИ ИГРААТ ВО СНЕГОТ (ВИДЕО)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Властите во градот Јакутск, еден од најстудените градови во светот, ги пуштија децата да си одат дома во петокот откако температурата достигна минус 48 степени, но децата, наместо да одат дома, отидоа да си играат во снегот.

Видеото, кое стана вирално на Интернет, прикажува деца од Јакутск како играат среќно, без оглед што надвор е минус 48, а во еден од коментарите под видеото на шега се вели дека „мора да стави антифриз во млекото“.

– Потребна е смелост да се издржи оваа клима. Но, само Русите можат да играат на оваа санта мраз – напишал друг корисник на социјалните мрежи, како што објави Дејли Меил.

Во Јакутск училиштата се затвораат на температура од минус 42 до минус 50, во зависност од јачината на ветерот и возраста на децата.

Неколку стотици километри на исток, во најстудениот град во светот, Ојмјакон, помладите ученици од основните училишта мораат да посетуваат настава дури и кога температурата е намалена на минус 52, а постарите до 56.

Latest News

Go88 Casino A New Level of Gaming

Gaming has become an integral part of our lives, with technology constantly evolving to provide us with better and...

More Articles Like This