Поплавите кои попладнево ја зафатија Струмица не го поштедија ниту трговскиот центар „Глобал“, чија внатрешност беше поплавена по краткотрајните врнежи, покажува оваа видео снимка.
Поплавени куќи, улици и поројот „Крушевска Република“ се само дел од сликите кои денес може да се забележат низ Струмица поради поројните врнежи од дожд.
Потопен е и трговскиот центар „Глобал“, познат во јавноста по криминалот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев тежок 8 милиони евра, за што беше аболициран од тогашниот претседател бранко Црвенковски и е единствениот аболициран политичар во Македонија.
Заев со уште петмина во средината на јули 2008-ма година за случајот „Глобал“ заврши во притвор за криминал тежок над 8 милиони евра. Аболицијата на Заев со која практично прекина гонењето беше потпишана од Бранко Црвенковски на 3 август 2008 година и трае до денес.