ГЛУМЕЊЕ ПАЦИФИЗАМ: Затворен Детски Камп на Златибор.

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи на Р. Србија Небојша Стефановиќ го затвори детскиот воен камп на Златибор заради можна наводна злоупотреба на децата и вознемирување на јавноста.

„Дадов налог за распуштање на кампот, пред сѐ бидејки сме загрижени заради можната злоупотреба на децата и вознемирување на јавноста“, рече Небојша Стефановиќ.
Приоритет беше децата да бидат безбедни и безбедно да се вратат дома, како што е и направено, додаде министерот.

„во овој момент се во тек завршните фази за расфомирање на кампот, така да тој практично и непостои“, заклучи Стефановиќ.

Во меѓувреме Србскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека тоа што се случувало на Златибор и кампот во кој деца имале воена обука не е Србија во иднината и порача дека таквите работи Србија нема да толерира.

„На нас тоа како земја не ни е потребно и таквите работи државата Србија нема да ги толерира“, порача Вучиќ.

Како што кажа, „колку и да е тоа некому не популарно да слушне“- тоа не е Србска иднина и тоа не е Србија со каква што сакаме да се гордееме, пренесува Тањуг.

Вучиќ истакна дека се работи за добри деца, кои треба да учат, работат и утре ден да бидат и добри војници,„ но се знае кога е време за во воска, за учење, за школување, за некои други работи…“ и ги замоли родителите да разберат дека униформата не е за деца.

А за неодговорните политичари, додаде Вучиќ, може да се замисли само што би правеле кога би биле на власт тие кои ова го организирале. „Господ да ме чува од таква држава“, рече Вучиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This