ГОЛЕМА АЛБАНИЈА И НА КРИТ: Ученик со маица на „голема Албанија“ во училиште на Крит ги испаничи Грчките медиуми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почетокот на курс по албански јазик во едно основно училиште на островот Крит бил проследен со реакции во грчките медиуми откако еден ученик се појавил со црна маица на која била отпечатена карта на „Голема Албанија“.

На церемонијата на отворањето на курсот во училиштето „Елефтерос Венизелос“ минатата недела бил присутен и заменикот амбасадор на Албанија во Грција кој истакнал дека особено ја цени иницијативата на грчките власти и се гордее со фактот што на децата им е дадена можност да го учат својот мајчин јазик.

Меѓутоа, како што пренесуваат грчки медиуми денеска, курсот бил откажан, а директорот на училиштето наводно понудил оставка.

Настанот се случил на 21 јануари, а како што пишува „Ефимирида“ бил широко третиран во албанските медиуми, како што се веб-сајтовите shigjeta.net и shqiperiaebashkuar.al, со многу информации од настанот и фотографии од училиштето, но и со наслови од типот „Крит: Грците затвораат албанско училиште на албански деца“.

На сајтовите се појавил и коментар дека „љубовта кон твојот јазик не е само заштита на културата и вредностите на твојот народ, туку почитувањето на идентитетот на твоето потекло од генерација на генерација“. На фотографиите се гледа заменик-амбасадорот на Албанија, како го прегрнува детето кое ја носи инкримираната маичка со мапа на „Големата Албанија“, на која се вклучени и грчки територии и датумот на независност на Албанија, но и зборот „автохтони“.

Неверојатна смелост од албанската заедница на инаугурацијата на наставата по албански јазик во едно училиште во Крит минатата недела, пишува „Crete news“.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This