ГОЛЕМА ОПЕРАЦИЈА ВО ФРАНЦИЈА: Дeпopтирани 173 албански државјани што нeлeгално престојувале во земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанската полиција информираше дека се депортирани 173 албански државјани кои не оствариле право на азил во Франција и други земји од Шенген зоната.

Полицијата наведува дека операцијата за депортирање е рализирана во соработка со Агенцијата за европска граница и крајбрежна стража, Фронтес и француската канцеларија за емиграција(O.F.I.I.).

-Денеска на Меѓународнот аеродром во Тирана со два лета депортирани се 173 албански државјани кои нелегално престојувале во Франција и земји од Шенген зоната. Со првиот лет вратени се 38 лица, од нив 33 од Франција и петмина од Белгија. Со вториот лет од Лион, Франција добровоно се вратени 135 албански државјани, стои во полициското соопштение.

Во исто време се наведува дека Албанија се смета за безбедна земја и се апелира до граѓаните „дека не треба да бараат азил бидејќи шансите за добивање азил се еднакви на нула“

Според полициската статистика само во текот на минатиот месец депортрани се 500 албански државјани, најмногу од Франција и Германија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This