ГОЛЕМА ПОДДРШКА ЗА ГРУЕВСКИ И ВМРО-ДПМНЕ: Сестринските партии со поддршка за Груевски и очекување за победа на ВМРО-ДПМН

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сестринските партии од Германија и Унгарија се надеваат дека ВМРО ДПМНЕ ќе победи на предвремените парламентарни избори. Ова го посочиле на средбите со Никола Груевски во Минхен и Будимпешта. Премиерот на Баварија Хорст Зехофер и шефот на Унгарската Влада Виктор Орбан дале силна подршка за Груевски, вели новоименуваниот амбасадор во ЕУ Александар николоски, кој беше дел од од партиската делегација.

gruevski-orban4

– Разговаравме за претстојните избори, им ја претставивме нашата програма, нашите кандидати. Тие дадоа силна подршка и се надеваат дека на изборите ќе победи ВМРО ДПМНЕ, а Никола Груевски пак ќе биде премиер, изјави Александар Николоски од ВМРО ДПМНЕ.

Германија и Унгарија ја потенцирале нивната подршка за земјава за членството во ЕУ и НАТО, а на средбите ја нагласиле и големата улога на Македонија за запирањето на мигрантската рута. Станало збор и за продлабочување на економската соработка по изборите.

Инаку овие две значајни посети на земји од ЕУ се дел од тримесечните интензивни средби на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски  со видни европски и американски политичари. Тој во овој период имаше средби со политички и бизнис делегации во Лондон, Берлин, Њујорк и Вашингтон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This