ГОЛЕМА РАЗЛИКА:Квадрат стан во Скопје лани чинел 46.764 денари, во другите градови 33.157

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Просечната цена на метар квадратен станбена површина во 2018 година изнесувала 43.155 денари, што е за 3,2 отсто повеќе во однос на 2017 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Во Скопје, метар квадратен лани чинел 46.764 денари, што е за 7 отсто повеќе од 2017 година, додека во останатите населени места во државата цената била 33.157 денари, што е зголемување за 3,6 проценти од претходната година.

Што се однесува на просечната цена на метар квадратен во второто полугодие од 2018 година, таа е намалена за 3,9 отсто во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 2,8 проценти.

Наведените просечни цени се без данок на додадена вредност.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This