Голема тpaгедија на Илинден во Претор, згacна млaд живот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доцна попладнево се удавил капач во Претор. Според очевидци станува збор за млад капач од Ресен, објави Нова Македонија.

До давањето дошло откако три млади капачи се возеле на педалинка. Од непознати причини педалинката се превртела. Двајцата млади капачи со пливање излегле на површина, а едното од децата не излегло од водата.

Моментно капачи се обидуваат со мрежи да ги извлечат удавеното дете од езерото.

Нуркачите трагаат по удавениот капач во Претор.

По давењето на младото момче во Претор засега се уште не е извлечено неговото тело од водите на Преспанското езеро.

Доцна попладнево во потрагата на удавеното момче се вклучиле и нуркачи кои стигнале од Охрид.

Но прашање е дали тие вечерва ќе можат да ја продолжат потрагата по удавеното дете.

Според тие кои го познавале момчето станува збор за капач на возраст од 16-17 години, жител од селото Јанковец, Ресен.

Тоа наводно се удавило на тој начин што тројца другари се возеле со педалинка. Во еден момент педалинката се превртела, двете од трите момчиња испливале на брегот, а еден од капачите потонал во водата.

Сите напори на присутните да го спасат третото момче не успеале. Тие се обиделе да го пронајдат и со мрежа, но сето тоа било залудно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This