Големи проблeми за малото мнозинство – Секој ден власта купено време за Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако власта тврди дека има стабилно мнозинство, постојано се соочуваат со недостиг на гласови за нормално функционирање на Собранието. Од 62 пратеник, колку што има во владината коалиција, речиси секојдневно еден или повеќе од нив не се појавуваат на собраниските седници, поради што власта нема кворум за работа.

Во меѓувреме јавноста е сведок на секојдневно препукување помеѓу членовите на владеачката коалиција. Конфликти се јавија по неколку прашања за кои имаше несгласување, промените во личните карти и билатералните односи помеѓу Бугарија и Македонија, односно притисокот од Бугарија за откажување од историјата, јазикот, културата и најактуелните прашања периодов, пописот на населението и предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори.

Дел од коалиционите партнери на СДСМ и јавно се спротвставија на политиката на СДСМ кои ја ставија земјата во редот на најкорумпираните земји во светот и кои секојдневно ја продлабочуваат здравствената и економска криза во Македонија.

Пратеникот и претседател на Демократски сојуз Павле Трајанов на Сител изјави дека Македонија е високо криминализирана држава.

Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое мора да се справиме. Криминалот разорно дејствува врз целокупниот систем на државата и мора да се менуваат работите. Мора системски промени, мора да имаме заокружен и ефикасен систем. Значи, долго време како партија и јас како претседател на таа партија се ангажираме за проектот декриминализација. Војна против криминалот, рече Трајанов.

Трајанов исто така ја критикуваше и надворешната политика на земјата, потенцирајќи ги грешките кои власта ги направи со Преспанскиот договор, а кои се рефлектираа и со Договорот за добрососедство.

Главната цел на Бугарија е по примерот на Грција, да ги исечат корените. Оттаму, историјата е поголемо оружје и од атомската бомба. Погубна политика е да се разговара за јазик и историја. Никој во оваа земја не сака промена на уставното име, но во тој момент немаше подобро решение во поглед на Грција, а сега ЕУ сака да наметне притисок да се најде компромис со Бугарија. Нашата страна прави грешка, тргнувајќи од толкување на заедничка историја. Тие тези се неприфатливи, и потребен е консензус за да се оттргнат ваквите тези – истакна Трајанов на Канал 5.

Дел од коалиционите партнери на Заев му вртат грб и поради неисполенитете ветувања кои беа услов за формирање коалиција, поконкретно коалицискиот предизборен партиски договор меѓу СДСМ и Беса за внесување на етничка припадност во личните карти.

Пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи, изјави дека во тек е дефинирање на техничките детали за имплементација на законот, и се очекува тој да биде разгледан во матичната собраниска комисија во најбрз можен рок.

Мицкоски, пак, открива дека коалицијата помеѓу СДСМ и БЕСА е на стаклени нозе а како една од причините е непочитување правен договор помеѓу лидерите на коалициските партнери на СДСМ и БЕСА, како и дека по добивање на укор од странски дипломат Зоран Заев го повлекол договореното.

„Позициите се усогласени, треба да ја направиме техничката подготовка во врска со седницата и ставањето на оваа точка на дневен ред во Комисијата. После тоа се враќа на пленарна седница за одобрување, бидејќи е по скратена постапка само еднаш ќе се разгледува во Комисијата доколку има измени и дополнувања, а потоа ќе оди на одобрување на пленарна седница“, изјави Реџепи за ТВ „Алсат -М”.

Тито Петковски се спротвстави на таквиот предлог со образложение дека така ќе се наруши демократскиот карактер на државната власт.
„Со јакнењето на „етничкиот“, наместо на граѓанскиот суверенитет, се доведува во прашање демократскиот карактер на државната власт, изјави Петковски.

Пендаровски, иако изјави дека не се согласува, сепак ќе се покори на својот шеф Заев и ќе го потпише указот доколку законот биде изгласан.

„Ако владејачката коалиција се договори, ако има мнозинство и ако законот биде донесен во регуларна постапка, јас немам многу големи аргументи контра таквиот став за да не потпишам указ. Но, лично не се согласувам етничката припадност да биде во личните карти“, вели Пендаровски. Претседателот смета дека не постои демократска држава во светот во која постои етничка или религиозна припадност.

Конфликти во не така стабилната владина коалиција настаа и поради кандидатите за градоначалници на локалните избори.

Заев неофицијално објави неколку кандидати, од кои, како што изјави тој, е задоволен и ќе застане зад нивната кандидатура.

„СДСМ има постапка и ги слуша граѓаните. Ако тие не се задоволни, секако ќе има други кандидати. Ќе застанам зад неколку, поради личниот добар впечаток. Досега задоволен сум од градоначалниците на Валандово, Богданци, Демир Капија, Штип, Крушево, Дојран, Ростуше, Маврово и Старо Нагоричане“ додаде тој.

Дел од скопските градоначалници се надеваат на поддршка од СДСМ за нова кандидатура на годинашниве локални избори, и покрај тоа што партискиот лидер Зоран Заев не го спомна главниот град кога ја соопшти првичната листа на актуелни градоначалници на кои планира да им даде поткрепа за нов мандат.

Револт предизвика и најавата на СДСМ дека ќе излезат со заеднички кандидати со БЕСА на сметка на ДУИ.

Крешник Бектеши од ДУИ смета дека на претстојните локални избори ДУИ треба да кандидира градоначалници во сите општини со мнозинско албанско население, почнувајќи од Липково, па се до Струга, и убеден сум дека ќе победи во над 95 отсто од нив, смета министерот за економија .

-ДУИ е политичка партија која е најдобро организирана во Македонија. Тоа го покажуваат резултатите од изборите и резултатите на институциите кои се раководат од страна на претставници на Демократската унија за интеграција. Дополнително, веќе започнавме процес во кој треба да креираме програми за централната и локалната власт. Во локалната власт програмите ќе бидат поконкретни со време и со износ на проектите и ќе се прават во консултација со граѓаните, рече Бектеши во интервју за МИА.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија широко обединување на опозициските партии со Цел да се сруши актуелната власт.

„Сѐ уште е рано да излеземе со конкретни позиции по однос на локалните избори, но дефинитивно сакаме едно широко обединување на опозициските партии кои ќе настапат на локалните избори, со цел оваа власт да падне на локалните избори. Знаете дека веќе имаме одредена соработка со Алијанса и Алтернатива во Собранието, како и во рамки Мислам дека е возможно до локалните избори оваа коалиција да успее и да ја турне оваа власт. Многу интензивно разговараме со пратеници од владејачкото мнозинство и зошто оваа коалиција да не стане владејачка до локалните избори“, изјави Николоски.

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, во насока на надминување на политичката криза создадена од актуелната Влада подолго време инсистира на одржување на предвремени парламентарни избори заедно со локалните кои треба да се одржат наесен. Власта, поточно премиерот Заев категорично го одбива предлогот.

„Единствен логичен термин, да не правиме дополнителни трошоци, е заедно локалните. Мислам дека тоа треба да се случи и работиме на тоа, а претходно треба да дојде една влада која ќе подготви рамен терен за тие предвремени парламентарни и локални избори, не ваква криминална и неспособна влада. Морам да кажам дека не ги бидува за работа и проекти, но затоа се светски шампиони според криминалот и корупцијата и матните идеи како да лажираат и поткупуваат за време на избори. Затоа е многу важно да дојдат луѓе кои ќе го одработат тој процес онака како што е потребно, како што велат законите и процедурите“, изјави Мицкоски.

Заев веднаш по формирањето на Владата, а и подоцна во повеќе прилики изјави дека ја добиле поддршката на неколку пратеници од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, кои се очекува да ја променат страната, но тоа, судејќи по речиси секојдневното одложување на собраниските седници поради немање кворум, се покажа дeка не е вистина.

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, во насока на надминување на политичката криза создадена од актуелната Влада подолго време инсистира на одржување на предвремени парламентарни избори заедно со локалните кои треба да се одржат наесен. Власта, поточно премиерот Заев категорично го одбива предлогот.

Неофицијално најголемата опозициска партија веќе има на располагање доволен број пратеници за превласт во парламентот односно 61, но во тек се преговори со уште неколку народни избраници. За мнозинството да биде поголемо за уште четворица и во ниту еден момент да не се доведе во прашање неговото опстојување и функционирањето на законодавниот дом.

Истите извори твдат дека се комуницира со БЕСА и со пратениците од помалите политички партии кои беа дел од предизборната коалиција на СДСМ. Ваков развој на настаните го отвара патот за уривање на владата на Заев и предвремени парламентарни избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This