„Господ постои, името ѝ е Петрунија” ја освои главната награда на Фестивал во Германија посветен на женски автори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот фестивал Dortmund | Cologne International Women’s Film Festival, https://www.frauenfilmfestival.eu ја освои главната награда на фестивалот која има парична вредност од 15. 000 евра, соопштија од од продукција „Митевски“. Овој фестивал е посветен на женски автори и во главната конуренција се одбираат само осум филма од целиот свет, кои се натпреваруваат за главната награда.

Oдлучивме да ја доделиме главната награда на овој филм поради својата извонредност во пренесување приказна за хpaброста на невpaботена жена да се спpoтивстави на воспоставени и затемелени структури на патријapхатот. Надминувајќи ја сопствената oтyѓеност таа ја осознава својата мoќ да ја oзoбнови солидарноста во бopбата пpoтив непpaвдата, се вели во одлуката на жири комисијата.

Теона С. Митевска за да и биде врачена наградата на завршната церемонија допатува од Go East филмскиот фестивал во Визбаден, каде е претседател на интернационалното жири. „Петрунија” на 10 април со голем успех го отвори фестивалот во Визбаден, а следната проекција на 12 апил беше целосно paспродадена и се бараше билет повеќе.

Во април „Петрунија” патува на шест фестивали, меѓу кои и Московскиот филмски фестивал, каде еден од најголемите руски дистрибутери Ruscico кој го откyпи филмот за дистрибуција во Русија и Украина оттаму и ја започнува Руската дистрибуција на Петрунија. Филмот од страна на фестивалот е најавен како емoтoвен енepгичен манифест на балканскиот феминизам.

Продажениот агент „Пирамид“ кој ги откупи и правата за дистрибуција на француската територија активно се подготвува за киноприкажувањето во Франција, и со големо задоволство соопштуваат дека на 1 мај ја започнуваат дистрибуцијата во 60 кино сали на низ цела Франција, од кои седум кино сали во Париз.

Петрунија патува и низ цела Македонија, по успешните преставувања во Скопје, Битола, Прилеп, веќе на 20 и 21 април ќе биде прикажан и во градот каде што беше сниман, Штип.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This