April 27, 2024, 12:00 pm

Го исклучувате ли бојлерот: Експертите откриваат како да зaштедите и постојано да имате топла вода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многумина сметаат дека е многу порационално да се остави бојлерот вклучен по цел ден и ноќ, бидејќи не мора да се грее целата вода, туку само да се догрева, а многумина сметаат дека е потребно да се вклучува бојлерот само по потреба.

Одоговор на таа дилeма има сервисер на куќни апарати:

-Апсолутно не е вистина дека за паричникот е подобро бојлерот да е постојано вклучен. Секако, се зависи од бројот на членовите во домаќинството. Така, ако е во прашање самец или брачен пар, најрационално е бојлерот да се вклучува по потреба. Од друга страна, ако е во прашање семејство со голем број членови, за нив најверојатно најзгодно е бојлерот да биде постојано вклучен, бидејќи во секој момент некому ќе му треба топла вода – вели Марко Тодоровиќ, сервисер за бела техника и домашен мајстор, и додава дека намената на бојлерот игра голема улога.

Ако бојлерот е наменет за туширање, тогаш повеќе има смисла да го вклучувате по повремено, а ако станува збор за голем проточен бојлер кој го користите за кујнска намена, тогаш најверојатно ќе го исклучувате многу ретко. Значи, сепак поисплатливо е да се вклучува по потреба, и секако, ако веќе водите сметка за штедењето, гледајте да го вклучувате на евтина тарифа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This