ГО ИСПОФАЛИ: Димитров со комплименти за збогум на амбасадорот за кој Законот за јазици е големо достигнување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи Никола Димитров го прими во проштална посета и го испрати со куп комплименти амбасадорот на Шведска, Матс Стафансон, за кој Законот за јазици е „големо достигнување“ на Владата на Зоран Заев, покрај договорите со Бугарија и со Грција, пренесува Експрес.

„Збогување со вистински пријател и поддржувач на нашата земја. Шведска и нејзиниот амбасадор во C Македонија, Матс Стафансон, со неговата посветеност и професионализам, се пример и инспирација за сите нас. Срдечни желби за просперитетна и радосна иднина сè додека не се сретнеме повторно“, твитна Димитров покрај фотографијата од средбата.

Стафансон е еден од ретките амбасадори во Македонија што во два мандата ја извршувале таа функција, а минатата година го привлече вниманието на македонската јавност со својата оценка за законот за двојазичност во интервјуто за „Балкан инсајт“. Во него вели дека не можел да сфати како зголемените права на некоја етничка заедница може да се сметаат за нешто негативно за друга, при што било жално да се видат македонски интелектуалци што протестираат во врска со тоа.

„Жално е што нешто што го зголемува правото на еден етницитет се смета за штетно, негативно за другиот дел од населението“, изјави тој. „Жално е да се видат луѓе како протестираат поради закон што им дава некои дополнителни можности или права на една етничка група, бидејќи беше многу тaaжно при крајот на 1990-тите да се видат луѓе што демонстрираат против Универзитетот во Тетово или против Педагошка академија, да се видат македонски интелектуалци кои протecтираат против фактот дека идните наставници во албанските училишта треба да бидат во можност да учат на свој јазик на универзитет“.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This