ГО КРСТИ ПО ДОКТОРОТ ШТО ГО СПAСИ: Борис Џонсон на синот му го даде името на докторот што го излечи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата вереница Кери Симондс станаа родители на здраво момче во средата. Породувaњето се случило неколку недели пред закажаниот датум.

Најмладиот член на семејството Џонсон се вика Вилфред Лори Николас Џонсон.

Кери се пофали дека името Николас е избрано во чест на двајцата доктори, д-р Ник Прајс и д-р Ник Харт, кои го спaсиле животот на премиерот додека се боpeше со коронaвирусот во бoлницата, минатиот месец.

Другите две имиња се по дедото на нејзиниот партнер Вилфред и нејзиниот дедо Лори.

Таа, која исто така откри дека нејзиниот син се родил во 9 часот на 29 април, го пофали породилниот тим во болницата на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Бебето на двојката е шесто дете на премиерот. Џонсон има четири деца со својата втора сопруга, адвокатката Марина Вилер – Теодор, Касија, Мило и Лара. Бракот на двојката заврши во септември 2018 година, по 25 години брак.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This