На вчерашното рочише за настаните од 27 април, обвинителката Рускоска инсистирала да заврши во 21:00 часот бидејќи, како што изјавила таа имала „итен состанок“, а денес доцнела.
Денес на продолжението од рочиштето кое сепак било прекинато според „потребите“ на обвинителката Рускоска, продолжило во иронична атмосфера затоа што се испоставило дека „итниот состанок“, всушност е „Златна бубамара“.
Обвинетиот Вилијам Михајловски своите сознанија за одењето на Рускоска на „Златна бубамара“ ги сподели и во судницата.
Обвинетиот Вилијам Михајловски рече дека му е жал што не е тука присутна обвинителката Рускоска, но веројатно, рече тој, оправдано е отсутна ако останала до доцна во ноќта на “Златна бубамара”.