Градоначалничката Данела Арсовска издаде писмен налог со рок за имплементација од 60 дена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ги задолжи сите институции во своја надлежност да постават пристапни рампи за лица со попречености, со цел овозможување поголема достапност за граѓаните.

Соопштението од Град Скопје го пренесуваме во целост:

„Сите јавни институции во надлежност на Градот Скопје се задолжени за 60
дена да постават пристапни рампи за лица со попречености.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска издаде писмен налог до сите
јавни институции под надлежност на Градот да направат проценка и да постават
пристапни рампи за лица со попречености.

Рокот за имплементација на оваа активност е 60 дена, а поставувањето на
пристапните рампи е дел од Програмата на Град Скопје за овозможување
поголема пристапност за лицата со попреченост до институциите во градот.

Градот Скопје започнува сеопфатна програма за остварување на еден од главните
приоритети за остварување на правата од социјална заштита на лицата со
попреченост, односно подобрување на квалитетот на секојдневното живеење и
создавање услови за независен живот.

Со почит,
Град Скопје„

Latest News

Play Baccarat Online and Win Prizes at go88 – [088.Casino]

Are you looking for a thrilling and exciting way to spend your free time? Look no further than go88...

More Articles Like This