ГРАДОНАЧАНИКОТ НА САРАЈ, БЛЕРИМ БЕЏЕТИ БЕЗ РЕШЕНИЕ ЗА ДИВОГРАДБИТЕ НА МАТКА: Нема да ги урнеме платформите на Матка, но нема ни да ги легализираме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, вели дека нема да ги ypива трите платформи на Матка, но ќе ги одбие барањата за нивна легализација.

-Барањето за легализација на едната платформа, онаа на која функционира ресторан, е веќе одбиено, но барателите поднесоа жалба. За другите две платформи барањата се уште не се одбиени, но нема да ги одобриме. Сите имаат право на жалба до второстепената комисија и за ypивање мора да чекаме да заврши целосната правна процедура. Нашата идеја беше ако има простор правно да се најде целисходно решение за Матка, во кое и платформите би функционирале како урбана опрема, рече градоначалникот Блерим Беџети.

Беџети обвини дека во Матка се вплеткани различни интереси, но не сакаше да каже чии.

Беџети вели дека имал разговори со градоначалникот на Скопје за формирање јавно претпријатие, кое што ќе се грижи за Матка, а градоначалникот Шилегов му соопштил дека и без согласност од Општината, град Скопје сепак ќе го формира претпријатието.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This