ГРАЃАНИТЕ ГО ПРАТИЈА НА НИВА: Заев да остане на нива и сам да си тера земјоделие

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По повод фејсбук статусот на Зоран Заев во кој што тој се пофали дека откупната цена на краставицата бележи пораст и изнесува 34 денари за килограм, што било 240% повеќе споредено со истиот период од 2013 година, земјоделците со свои ставови го нападнаа Заев.

Тие велат дека годинава цените на зелените пазари се двојно поголеми од лани, зголемените цени на за производителите не обезбедуваат поголем принос купците. Бројни се коментарите дека на секој начин се понижувaa македонскиот земјоделец, дека е лага цената од 34 денари, за разлика од краставицата, јаболките се откупуваа за 0,5 дени по килограм, додека пак пазарните цени на пиперките стигнуваат до 70 денари за килограм . Остануваат бројни проблеми за праските, сливите, вишните, јаболката, оризот за кои сеуште нема решение од владата, а Заев се фали со откупната цена на краставицата.

Најголем пpoблем со кој што сега се соочуваат земјоделците, односно производителите на грозје лозарите и винарите, кои што најавија протести во петок во Кавадарци, заради повторно ниската цена за откуп на грозјето. Во Кавадарци има околу 500тини регистрирани лозари, и околу 7 000 производители на грозје за кои што допрва стигаат проблемите, откупот е веќе почнат, а цените сеуште не се објавени.

Земјоделците велат дека премиерот наместо да се фали со откупните цени кои што треба да пораснат за извоз, но не и за домашна продажба, треба да почне да работи за помош на земјоделието кое е во xaос и не е никаков приоритет на оваа влада.

 

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This