Граѓаните peволтирани поради 17 катницата, најавен голем пpoтест во Ѓорче Петров, градоначалникот молчи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако неколку дена општина Ѓорче Петров не се произнесе со став во однос на изгласаниот ДУП и предвидената изградба на комплекс згради во висина од 58 метри, односно 17 ката, граѓаните на општина Ѓорче Петров најавуваат протест преку кој ќе го изразат револтот и децидно ќе бараат стопирање на процесот. Граѓаните од месноста Дексион се разочарани од односот на градоначалникот Александар Наумоски, како и од дрскиот однос на општинските служби кои упорно се кријат и не одговараат на прашањата на граѓаните.

Ѓорчепетровци бараат градоначалникот да го ревидира ДУП-от и да го стопира процесот, односно да излезе со јасен став дека драстично ќе се намали габаритот на предвидената зграда, со цел да не се затвори западната порта на градот и целосно да се измени циркулацијата на воздухот.
-Според доставените документи до советниците во општина Ѓорче Петров, може да се заклучи дека се работи за зграда која би била 19.000 м2 во основа, односно 90.554 м2 бруто развиена површина со намена домување на над 2.800 жители, со што потполно ќе се измени демографската слика на Ѓорче Петров, вели нашиот извор.

Населувањето на толкав број на нови жители дополнително ќе го отежни живеењето во Ѓорче Петров, од причина што и во моментот граѓаните се соочуваат со голем број проблеми од типот дефицит од градинки, училишта итн.

Граѓаните на Ѓорче Петров велат дека нема да дозволат да се изградат згради со толкава висина и распространетост, односно доколу до 11-ти септември градоначалникот не се произнесе јавно со став за стопирање на процесот, ќе следат секојдневни блокади започнувајќи од овој викенд, односно од сабота.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This