Груби на терен, ги провери новите, повеќејазични патокази на Коридорот 8

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Груби изврши надзор на новите, повеќејазични патокази на Коридорот 8Објавено пред 1 минута – 12 февруари, 2021Од Макфакс

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби заедно со директорот на ЈП „Македонија Пат“ Беким Мемети, директорот на ЈП „Државни патишта“ Ејуп Рустеми и директорот на Агенцијата за спроведување на јазикот, Илбер Села денеска извршија надзор на замената на старите еднојазични патокази, со нови, кои сега се поставуваат на албански, македонски и англиски јазик.

По овој повод, Груби нагласи дека јазичната еднаквост ќе биде видлива долж Коридорот 8, со што, како што кажа, ќе се одрази и реалната слика во Република Северна Македонија.

Според првиот вицепремиер, модернизацијата на Коридорот 8 и неговата реконструкција е од особено значење заради регионалното поврзување и соработка, како еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија и е од големо економско значење за Република Северна Македонија.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This