ВМРО-ДПМНЕ успеа да се избори за уште еден без двојазичност во Македонија. Денеска иако беше закажана седница на Собранието на која требаше да се изгласа таканаречениот закон за двојазичност.
Заев најавуваше донесување на законот за јазиците пред локалните избори,а ДУИ го најавуваше во првите 100 дена влада, помина скоро 9 месеци благодарение на опозицијата и претседателот Иванов законот сеуште не е донесен.
-Една работа е сигурна. Владата ќе го донесе законот пред локалните избори, а ако бидеме подготвени ќе биде усвоен и во Парламентот. Само следете не, ќе видите како ќе растат гласовите и на Македонците и на Албанците и на Турците и на Србите,… кон оваа владејачка коалиција, изјави Заев на 17 јули односно 17 дена по седнувањето во премиерската фотеља.
Најголемиот губитник во целата ситуација сепак е Артан Груби кој во обид да ја скрати процедурата и да ја елиминира дебатата се обиде да го протурка законотот за јазиците со европско знаменце. Артан Груби како претседател на комисијата за европски прашања не успеа да го исполни ветувањето кон гласачите албанци и покрај неговите шовинистички заложби.