ГРУЕВСКИ ОСТРО: Некои наши планови не смеам да ги откријам, но во ДУИ си знаат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

gruevski-unija-640x432Но, шест ал­бан­ски пар­тии, од­нос­но три пар­тии и ед­на ко­а­ли­ци­ја сос­та­ве­на од три пар­тии, из­ле­гоа со за­ед­нич­ка плат­фор­ма?

-И ние, и во ми­на­то­то, и се­га, и во ид­ни­на, ќе би­де­ме ре­чи­си 25 пар­тии во ко­а­ли­ци­ја со за­ед­нич­ка плат­фор­ма. Ако са­ка­ме да ја иг­ра­ме иг­ра­та со плат­фор­ми, не­ма проб­лем, та­ка ќе те­ра­ме от­се­га.

Ах­ме­ти из­ја­ви де­ка за не­го се нај­важ­ни ин­те­ре­си­те на Ал­бан­ци­те и плат­фор­ма­та на си­те ал­бан­ски пар­тии?

-За ме­не се нај­важ­ни ин­те­ре­си­те и на Ма­ке­дон­ци­те и на си­те гра­ѓа­ни на Ма­ке­до­ни­ја, вклу­чу­вај­ќи ги и Ал­бан­ци­те. Ина­ку, ве­ру­вам де­ка се свес­ни оти во ко­а­ли­ци­ја со СДСМ, плат­фор­ма­та што им ја сос­та­ву­ваа, по­ли­тич­ки мо­же да му по­мог­не нај­мно­гу на СДСМ кај ал­бан­ски­от елек­то­рат.

А за­р не­ма да им по­мог­не на Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја?

-На Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја не­ма да им по­мог­не ако има­ат дво­ја­зич­ност на це­ла те­ри­то­ри­ја, вклу­чу­вај­ќи ги и Дел­че­во, Бе­ро­во, Гев­ге­ли­ја или Ка­ва­дар­ци. Ним мо­же да им по­мог­не ако во на­ред­ни­те че­ти­ри го­ди­ни се от­во­рат уш­те 100 или 150 но­ви фаб­ри­ки, и се вра­бо­тат ил­јад­ни­ци лу­ѓе, ако стан­дар­дот поч­не да рас­те и има­ат по­у­бав и пок­ва­ли­те­тен жи­вот, ако по­рас­нат пен­зи­и­те, пла­ти­те, суб­вен­ци­и­те, со­ци­јал­на­та по­мош, ако се из­гра­ди пот­реб­на­та ин­фрас­трук­ту­ра, ако до­би­јат под­дрш­ка за град­ба на ку­ќи, ако се нап­ра­ват мно­гу ре­фор­ми и зем­ја­та се прид­ви­жи нап­ред.

Се­пак, дво­ја­зич­ност на це­лата те­ри­то­ри­ја е неш­то што е цел на ДУИ и на ал­бан­ски­те пар­тии и мо­же­би ќе нап­ра­ват с` што е во нив­на моќ да ја ос­тва­рат, ма­кар и би­ле не­кој пер­и­од во ко­а­ли­ци­ја со СДСМ, па и по це­на на по­мал­ку ра­бот­ни мес­та за да го ре­а­ли­зи­ра­ат за­цр­та­но­то.

-Дво­ја­зич­ност на це­ла те­ри­то­ри­ја и кан­то­ни­за­ци­ја не мо­же да би­де ре­а­ли­зи­ра­но ако ВМРО-ДПМНЕ е про­тив.

Ка­ко ќе го спре­чи­те тоа ако нап­ра­ват ко­а­ли­ци­ја со СДСМ и си­те ал­бан­ски пар­тии?

-Зна­ат во ДУИ ка­ко.

Па, доб­ро ка­же­те ни и нам.

-Ќе ме раз­бе­ре­те де­ка не­кои на­ши пла­но­ви не са­кам да ги от­кри­јам.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This