ГРУЕВСКИ: Пензиите и платите продолжуваат да растат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имаме многу нови проекти планирани за новата програма, но многу и направивме и ќе направиме за наредните 4 години, ВМРО планира да невработеноста да се сведе за четири години некаде помеѓу 17 и 18 отсто, беше 38 и пол, па 24 отсто е сега. Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на кандидатската листа во четвртата изборна единица, на вечерашниот митинг.

makedonski-brod

-Градиме и реконструираме болници, успеавме да изградиме и доградиме 74 нови училишта, а да реконструираме 400 училишта во Македонија за што инвестиравме над 50 милиони евра. Го зголемивме буџетот за образование за 72 проценти, овозможивме бесплатно средно образование, бесплатни книги, бесплатен превоз за учениците, компјутер за секое дете во основните и средните училишна, рече Груевски

ВМРО-ДПМНЕ ветува постепено зголемување на минималната плата и до 2020 година таа ќе достигне до 14 илјади денари минимална плата во Република Македонија.

-Во текстилната и кожарската индустрија ниминалната плата ќе достигне 13 и пол илјади. Предвидуваме зголемување на платите во јавниот сектор до 2020 година во два наврати, вкупно 10, 25 отсто, предвидуваме зголемување на пензиите на пензионерите, кои досега се зголемија за 70 проценти просечните пензии, а за 90 проценти минималната пензија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This