ГРУЕВСКИ: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ почна да го “ора“ теренот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почнуваме силно на терен, како никогаш досега. Ќе пробаме да допреме до секој еден граѓанин, до секое едно семејство за да ја пренесеме нашата порака, да ве погледнеме во очи и да ви кажеме кои се нашите планови и идеи како да го направиме вашиот живот подобар, како да ја направиме нашата татковина попросперитетна и подобро место за живеење. Ние ја имаме таа обврска и никој не може да ја сака нашата татковина повеќе од нас самите кои тука живееме, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од големиот партиски собир.

kumanovo-aktivnosti1

По неговата најава, раководството на владејачката партија веднаш започна да го ора теренот. Членови на Извршниот Комитет вчера посетија повеќе градови, остварија средби со голем број на граѓани, разговараа за нивните проблеми.

ilija-dimovski1

Димовски: Граѓаните сакаат стабилна држава

По распуштањето на Парламентот од денеска како политичка партија почнуваме силно на терен, а како симболика во Изборната единица 3 почнуваме од Штип, градот  кој во изминатите години прерасна во административен, образовен и економски центар изјави синоќа Илија Димовски од штабот на ОК на ВМРО ДПМНЕ –Штип.

– Време е овој пат максимално да се ангажираме и тоа ќе го направиме сите заедно како тим, кој што многу вложил во целата изборна единица, посебно во овој град Штип. Ќе се обидеме да стигнеме до секој граѓанин, да отидиме во секое населено место,  заради тоа што овој пат во прашање е стабилноста на државата. Граѓаните на Република Македонија повеќе не сакаат да живеат во времиња, во кои ќе имаме секојдневни дестабилизации, секојдневни шокови, кога ќе има напад врз институции, напади врз припадници на министерството за внатрешни работи, обиди за девалвација на денарот, напади по македонскиот банкарски и монетарен систем, вели Димовски.

stip-aktivosti1stip-aktivosti

Тој истакна дека граѓаните сакаат стабилна држава која ќе се грижи за националните интереси на македонскиот народ и ќе се грижи за економски напредок, зголемување на бројот на новите работни места и на платите во приватниот сектор и отварање на нови фабрики.

– Граѓаните сакаат да ги гледаат и автопатите како од ден во ден се се поблиски до Штип, но и ќе сакаат да ги гледаат и локалните патишта и локалната инфраструктура, реконструкцијата на училиштата, изгрaдбата на болниците кои што исто така го гледаат секој ден со свое око. Затоа овој пат немаме намера да запреме и имаме намера да дојдеме до конечната цел од 63 пратеници. Не за да ни биде нас полесна работата, туку Република Македонија да биде стабилна држава, рече Димовски.

vlatko-gjorcev

Ѓорчев од Тетово: 63 пратеници за уставниот поредок и унитарноста на Македонија

Жителите на Тетово  поврдија дека се за избори. Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев синоќа од Тетово каде ги започна активностите на терен истакна дека повеќе нема бегање и дека Македонија ќе гласа.

-Чекавме, бевме трпеливи. Избегаа прв пат, избегаа втор пат, трет пат нема каде да бегаат. Во декември гласаме и во декември победува ВМРО-ДПМНЕ со Коалицијата. Вчера се собравме од цела Македонија и порака е дека на 11 декември ќе гласаме повторно Никола Груевски да биде премиер. Порака до цела Македонија – 63 пратеници за унитарноста на Македонија, за уставниот поредок на Македонија, за безбедноста на Македонија, Македонија да биде сигурна и стабилна, истакна Ѓорчев.

tetovo-aktivnosti

Тој истакна дека конечно после две години опструкции и удар од СДСМ каков што во Македонија немало, ќе се оди на избори.

-Направија удар под кој што многу поголеми држави и посилни ќе попуштеа. Македонија не попушти. Македонија беше удирана, но стоеше исправено. Македонскиот народ и граѓаните беа предизвикани, ласирани беа специјални операции против Република Македонија од страна на оние кои тргнаа во целата оваа лакрдија наречена рушење на Владата. Можам да ви кажам дека имаше неколку обиди за рушење на Владата внатре во Собранието и формирање на ново парламентарно мнозинство. Не успеа, затоа што СДСМ не можеше да собере 62 пратеници, посочи Ѓорчев.

nikola-poposki

Попоски: ВМРО-ДПМНЕ тргнува најсилно досега, фокусот се граѓаните и нивните потреби

-Да прогласиме крај на кризата, конечно излегување од една деструктивна фаза во која многумина се трудеа да нанесат што е можно поголема штета на Република Македонија. Во овој момент нашиот фокус се граѓаните, нивните потреби и проектите кои се најзначајни за нив. ВМРО-ДПМНЕ тргнува најсилно досега, со најсилен фокус на граѓаните, инвестициите, повеќе работни места и проекти во секое населено место бидејќи сметаме дека овој е вистинскиот момент да заврши кризата и да се посветиме на најважната задача која претстои, истакна Попоски.

 kumanovo-aktivnosti

Тој додаде дека со распишувањето на изборите се во клучен момент во кој граѓаните најдобро ќе може да оценат што сакаат, односно дали сакаат проекти, инвестиции, напредок за државата и заштита на националните интереси.

nikola-todorov-veles

Тодоров: Поддршка од граѓаните за крај на кризата и неможност на Заев да тргнува со македонските национални интереси

Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ синоќа  оствари средба со граѓаните од Велес.

-Предолго траеше, беше наметната од страна на СДСМ, ги оштети и граѓаните и државата. Ќе побараме од граѓаните поддршка од најмалку 63 пратеника, поддршка за крај на кризата и неможност на Зоран Заев да тргнува со македонските национални интереси. Ќе разговараме и за проектите, за она што сме го направиле и за она што планираме да го преземеме како наши политики за нови работни мста, нови фабрики, нови инвестиции, покачување на пензии, подобар животен стандард, за сите реални проблеми кои ги имаат граѓаните а за кои ќе се потрудиме да најдеме решение во нашата програма, истакна Тодоров.

veles-aktivnostiveles-aktivnosti1

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This