April 28, 2024, 12:56 pm

ГРУЕВСКИ: 10.000 евра гранд како почетна поддршка да му се помогне на секој млад земјоделец до 40 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе продолжиме исто така да ги поддржуваме и младите земјоделци кои што за прв пат започнуваат бизнис во земјоделие, со како почетна поддршка грант да му се помогне на секој млад земјоделец до 40 години кој прв пат почнува да работи во земјоделие, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ 4 Никола Груевски.

gruevski-1

-Дополнително за млад земјоделец носител на семејно земјоделско стопанство ќе бидат обезбедени за 10 проценти повисоки директни плаќања во однос на останатите категории корисници, а развојните проекти кои се поднесуваат за програмите за рурален развој и ипарт од страна на земјоделци помлади од 40 години ќе бидат привилегирани во процесот на рангирање при изборот, потенцираше Груевски.

Тој исто така истакна дека земјоделците ќе бидат поддржани во спроведувањето на агро хемиски или педолошки анализи со покривање на 70 проценти од трошоците за анализа на почвата или до максимални 9.000 денари.

-Ако некој сака да му се провери земјата, хемискиот состав, квалитетот, во смисла на тоа каков род треба да се насади и за каков производ таа земја е најповолна, трошоците ќе бидат покриени до 70 проценти, рече Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This