Грција бapa oд Германија дa пpecтaнe дa и пpoдaвa пoдмopници нa Турција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Oд 2002 година до сега Германија одобрила продажба на оружје за Турција во вредност од 522 милиони евра, од кои скоро 128,8 милиони евра се наменети за подморници.

Ваквата пракса на Германија предизвика револт во Грција, која побара од Германците да не преземаат чекори што ќе ја засилуваат туркста морнарица.

Досега германската федерална влада имаше забрана за извоз во Турција само на оружјето што може да се користи во војната во Сирија, додека продажбата за морнарицата сè уште е одобрена, па грчката влада го повика Берлин да престане да го прави тоа.

Грција е под закана со германско оружје во турски раце. Не и давајте на Турција нешто што може да го дестабилизира целиот источен Медитеран – изјави грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, за весникот „Велт ам Зонтаг“ во неделата, осврнувајќи се на изградбата на шест подморници, во кои е вклучена и германската компанија „Тисен Круп“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This