Грција преку СМС ги предупредува граѓаните и туристите за пожaрите во земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите граѓани и туристи кои се во Грција, вечерва добија СМС предупредување за пожарите.

„Огромна опасност од пожар во наредните денови. Избегнувајте какви било дејствија што можат да предизвикаат пожар“, се вели во пораката.

Во пораката се додава дека пристапот до шумите и шумските области е забранет, и се советува да се избегнат непотребни патувања.

„Доколку забележите чад или пожар во вашата област, веднаш јавете се на Противпожарната бригада на бројот 199“, се наведува во СМС пораката.

Најкритична ситуација во моментов е во Атина, каде има поактивни пожари, а ситуацијата е критична и на островот Евија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This