Грција пpeceчe и гo oбjaви cвojoт cтaв зa Кocoвo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Позицијата на Атина по прашањето за независноста на Косово останува непроменета – Грција не ја признава независноста на Косово, пренесува Газета Експрес.

Продлабочувањето на соработката во областа на економијата и трговијата меѓу Косово и Грција и претстојната посета на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас на Приштина, предизвика загриженост кај официјалниот Белград и српскиот претседател Александар Вучиќ, бидејќи тие сметаа дека овие потези се можен чекор кон признавање на косовската независност.

И покрај развојот на соработката меѓу Приштина и Атина, ставот на Грција за независноста на Косово останува непроменет, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи во одговорот за Газета експрес.

„Како што знаете, Грција не го признава Косово и нејзината позиција останува непроменета“, рече грчкото МНР.

Во одговорот се вели дека односот на Грција кон Косово е конструктивен, се однесува на претходната соработка во областа на економскиот развој и поддршката на Косово во различни области, пренесува Косово онлајн.

„Грција го следи конструктивниот пристап на Приштина, која е земја домаќин на канцеларијата за трговија и економски прашања на Косово во Атина од 2019 година и соработува со Косово за зголемување на соработката во различни области. Во овој дух, со цел понатамошно зајакнување на нашата билатерална соработка и олеснување на функционирањето на Канцеларијата, без вклучување на аспекти поврзани со статусот, оваа канцеларија е преименувана во „Канцеларија за интересите на Косово во Атина“.

Грчкото Министерство за надворешни работи посочува дека претстојната посета на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас на Приштина е поврзана со формирање на нови приштински институции.

„Како што знаете, министерот Дендиас ќе го посети Косово на почетокот на јуни по формирањето на новата влада“, се вели во одговорот.

Атина, исто така, рече дека ја поддржува визната либерализација за Косово.

“Грција го поддржува Косово на нејзиниот европски пат и во тој контекст ја поддржува и визната либерализација. Грција, исто така, обезбедува значителен број војници на КФОР”, рече грчкото Министерство за надворешни работи.

Грчкото Министерство за надворешни работи изрази поддршка за дијалогот меѓу Приштина и Белград со посредство на Европската унија.

„Како долгогодишна членка на ЕУ и НАТО, Грција се обидува да ги консолидира мирот, демократијата и стабилноста, безбедноста и економскиот развој и владеењето на правото во регионот на Западен Балкан, преку создавање добрососедски односи и почитување на основните принципи на меѓународното право. „Грција силно ја поддржа европската перспектива за сите партнери на Западен Балкан, вклучително и Приштина, како и поддршка на дијалогот меѓу Белград и Приштина, со помош на ЕУ“, соопшти грчкото МНР.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This