Грција се заклучува – состојбата е критична

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ситуацијата со корона вирусот е критична во соседна Грција. Токму се поголемиот број на заразени е причина Атина да донесе одлука за нов карантин.

„Мојата препорака до комисијата е да се оди на строг ‘lokdaun’, веројатно како минатиот март“, рече министерот за здравство Василис Кикилас, зборувајќи на Отворена ТВ и нагласувајќи дека оваа мерка е особено важна да се примени во Атина.

После овие препораки, премиерот Мицотакис свикал вонреден состанок при што од утре , четврток, во таа земја , до крајот на февруари, пред се на Атика, полуостровот каде е Атина, ќе бидат затворени училиштата, продавниците со исклучуок на неопходните.

„Поради новите податоци (за зголемувањето на бројот на заразени), јас преземам одговорност за воведување дополнителни мерки за заштита на јавното здравје“, рече Микотакис во телевизискиот говор.

Тој посочи на зголемувањето на бројот на хоспитализации во Атика и појавата на нови, заразни видови на вирусот корона.

По двомесечно затворање, пред две недели беа отворени градинки, основни и средни училишта.

Јавната телевизија ЕРТ објави дека црквите и сите продавници повторно ќе бидат затворени, освен аптеките, супермаркетите, пекарите и бензинските пумпи.

Според експертите, „третиот бран на епидемијата“ пристигнува во Грција, бројот на ново заразени лица денес се искачи на 1.526, наспроти 638 во понеделникот, а половина од нив се во Атина. 277 лица биле интубирани во болниците.

Во Атина беа зафатени 71 процент од креветите за интензивна нега во бовинските болници, а 62 проценти беа пред една недела, предупреди министерот за здравство Василис Кикилас.

Премиерот рече дека треба да се преземат дополнителни мерки за да се спречи влошување на состојбата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This