Грција со звучен топ ги плаши мигpaнтитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската унија денеска изрази загриженост заради грчкото користење на уред кој имитира звук на топ со цел заплашување на мигрантите, за тие да се одалечат од нивната граница.

Брисел го постави прашањето дали употребата на тој уред е во спротивност со законите на ЕУ за основни права.

Американската агенција Асошиејтед прес во понеделникот јави дека грчките граничари прават заглушувачка бука со оклопни возила, на границата со Турција.

Таканаречениот „звучен топ“ кој има голем домет е дел од експерименталната опрема која Грција ја тестира долж границата со Турција за да спречи нелегален влез во ЕУ за мигрантите.

Портпаролот на Европската комисија, Адалберт Јанз рекол дека со загриженост ги примиле медиумските извештаи во врска со системот за звучниот топ и дека ќе бараат информации од Атина за неговата употреба.

Извор: Бета.рс

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This