Грција ќе воведе рecтриктивни мерки само за невakцинираните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ги разгледуваме неопходните прилагодувања на рамката мерки што постои, а овие прилагодувања ќе се однесуваат само на невакцинираните, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Објасни дека постојат три клучни делови за справување со пандемијата во оваа фаза: вакцинацијата, зајакнување на здравствениот систем и неопходните прилагодувања, кои, во поголемиот дел главно ќе се однесуваат на невакцинираните.

-Во тек се разговори на Министерството за здравство со надлежните и стручните научници. Ако нешто се смени или прилагоди, што, повторувам, во основа ќе ги засега нашите невакцинирани сограѓани, евентуално некаква зголемено тестирање за нивниот пристап во мешаните простори. Во секој случај било какви адаптации, кога ќе бидат одлучени навремено ќе се објават во следниот период, рече Иконому.

Истакна дека според податоците од Националната организација за јавно здравје постои постепено зголемување на новите случаи и на хоспитализациите, „а ова зголемување е многу поголемо во регионите со ниска имунизациска покриеност”.

-Одбивањето вакцинација е потенцијален самоубиствен чин, за самите луѓето кои го одбиваат тоа, а во исто време се штетни и општествено неодговорни, рече Иконому и додаде дека должност на секој грчки граѓанин е да го заштити своето здравје, да се грижи за своите најблиски и да не го спречува животите на другите.

Во однос на процесот на вакцинација рече дека 73 отсто од полнолетното население е вакцинирано, кај децата од 12 до 17 години вакцинирани се 30 проценти. Од старосната група од 18 до 29 години имунизирани се 62 отсто, а од лицата над 60 години имунизирани се 80 проценти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This