Грчката полиција ќе добие камери на униформите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На униформите на полицајците од две единици, распределени во три атински населби, од денеска се поставени камери кои ќе се активираат во случај на инциденти или полициски акции, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Камерите ќе ротираат на два дена, согласно одлуките од Координативниот центар за справување со кризи на грчката полиција.

Ова е првпат камери да се постават на униформите на полицајците, нешто што пред десет дена го предложи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на расправата во парламентот за полициското насилство.

Паралелно, за време на сите протести во Атина, од почетокот на декември минатата година, постои полицаец кој со мини рачна камера е задолжен за снимање на демонстрациите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This