ГРЧКИТЕ „ОДМЕТНАТИ“ ПРАТЕНИЦИ СЕ ПОЈАВИЈА НА ПОСТЕРИ: „Ти ќе ја предадеш нашата Македонија“, стои на плакатите со ликовите на „одметнатите“ пратеници во Грција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Плакати со фотографиите на пратениците кои ја поддржуваат ратификацијата на Преспанскиот договор и со порака „Ти ќе ја предадеш нашата Македонија“, се појавија во градовите во Грција, пренесува ТВ21.

Плакатите се појавиле во Солун и во другите градови на северот на Грција, а медиумите пренесуваат дека полицијата уапсила четири лица, од кои две се пуштени на слобода, а две ќе излезат пред јавниот обвинител.

Грчкиот параламент вчера и денеска расправа за доверба на владата и доколку премиерот Алексис Ципрас добие поддршка, се очекува ратификацијата на Преспанскиот договор да биде на агенда во парламентот на почетокот на следната недела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This