ГРЧКИ И ИТАЛИЈАНСКИ АВИОНИ НА НЕБОТО НА ЦРНА ГОРА: Грција и Италија ќе се грижат за воздушниот простор на Црна Гора

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грижата за воздушниот простор на Црна Гора од ова лето официјално ќе ја превземат италијанските и грчките авиони во рамки на НАТО мисијата за контрола на воздушниот простор, објавија денес подгорички „Вијести“ повикувајќи се на неименувани претставници од Алијансата

Министерот за одбрана на Црна Гора Предраг Бошковиќ вели дека пред тоа се очекува договор со Агенцијата за контрола на воздушниот сообраќај на Србија и Црна Гора (СМАТСА).

„Прво мораме да го средиме тој договор со СМАТСА, како организација која треба да обезбедува радарска слика за Црна Гора. Јас се надевам дека тоа ќе оди брзо. Истиот може да биде потпишан во наредните недели“, рече Бошковиќ.

Потоа со Италија и Грција треба да се усогласат техничките договори. Тие две членки на НАТО веќе го обезбедуваат воздушниот простор на Албанија.

Мисијата за контрола на воздушниот сообраќај има за цел зачувување на безбедноста на воздушниот простор на Алијансата и вклучување на постојано присуство на ловци кои се спремни веднаш да реагираат.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This